регистратор (м.)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Впрочем, тој се трудеше да си ја засили значајноста со голем број други средства, имено: го воведе правилото пониските чиновници да го пресретнуваат уште на скалите, кога тој доаѓа на работа; никој да не смее директно да влегува кај него, туку сѐ да тече според најстрог ред: колешскиот регистратор би му реферирал на губернискиот секретар, губернискиот секретар – на титуларниот или, пак, како ќе му дојдеше, на некој друг и, веќе на овој начин, работата да стигне до него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Е, откако сето ова ќе се случи, се обраќаат кон оние што треба да бидат регистратори на нивната творечка присутност и бараат од нив сериозно да ја сфатат приказната затоа што таа е плод на потребата да стрелаат во месо и да го кажат она што не може да се премолчи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)