реинтерпретација (ж.)
Тактиката што тие ја користат е контра- културно демаскирање и реинтерпретација на јазикот на рекламите, со цел да се разоткрие нивното лицемерие.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
При тоа, клучна улога за ова неутрализирање на ефектот на реалноста врз очекувањата одигра преќутната реинтерпретација на поимот „транзиција“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Витгенштајновски кажано, секој таков говор не само што не објаснува ништо, туку во суштина создава философска збрка онаму кадешто не би требало да ја има; или пак има потреба од комплетна реинтерпретација во дескрипциите, кои потекнуваат од некоја трета личност, на усогласеноста на начините на кои се однесуваат членовите на една заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)