реперкусија (ж.)
Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зависно од определбите кои не се лоцирани само во литературната свест, се доаѓаше низ одделни анализи до сознанија за прозата на Чинго кои беа извонредно силно идејно тензирани, обоени со сите реперкусии на политиколошкиот аспект.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И двете гилотини ја имаат истата цел, но работничката гилотина со себе повлекува далеку посериозни реперкусии по животот на десетици илјади луѓе.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Интуитивно насетуваме дека математиката мора да ги има замешано прстите таму, и, навистина, во овој век беше откриен математички еквивалент на овие јамки, еквивалент кој имаше огромни реперкусии.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)