рогат (прид.)
Кога шуто и рогато можеа да земат диплома, зошто и таа да не го завршеше.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
— Море, бре, Ричко, — вели Андо — шут со рогат кога се бодел та и ние. Кој се бори со Чолакот, Билјарот, Шишето, Лазот и други? Не гледаш оти од ниј се раниме?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тогаш се прекрстив онака како што татко ми велеше, ко што ме советуваше, се прекрстив и изустив: „Господе Боже, ангелу што ми стоиш на десното рамо, чувару, Спасителу...спаси ме од рогатиот, од оној кој со Господа бил, а Господ аждер го престорил, наземи го испратил. Спаси ме, Боже, од сатанаил.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Само да не заборавам да ја прашам Јана за улогата на распосланиот тигар пред каминот во нејзините односи со рогатиот прч.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)