род (м.)

Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но пените на пролетта од светлоста навеани се топат и гинат во тревата под која земјата расте и над нив сега се вее зелената џбунка на небото што го навестува родот донесен во сведенот на ветрот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мечката мисли дека родот на дренки ќе биде голем тогаш кога ќе ѝ се пријаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сѐ такво уште многу одамна го имаше изгубено неговиот род.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но кога се вели: прекрасен си ти Господе и чудесни се делата твои, тоа е така речено затоа што секоја плот, твар и ствар е во својот род совршена, и затоа што секоја се наоѓа во тесна врска со другите створови и сотворена е за извесна неопходна цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Според влијанието врз женскиот род или според алкохолниот код?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од овија записи можеш да видиш од кој род си порекло од кој сум и јас. Со гордост треба да гледаме на наш происход.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Род и роднина ми е зговорна дружина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јас сакам, ќе родам пак Господ ќе ни помогне, ќе видиш. – Невена го сакаше родот човечки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше уште едно оружје на неговиот род, се радуваше, загледан во раѓањето на своето малечко, црвеникаво огне, што почнуваше да живее и да нараснува, превивајќи се околу сите сурови гранчиња, и плискајќи му ја во лицето својата тивка, лековита топлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гавранот беше претпазлив, иако претчувствуваше; стоеше на гола гранка и со гракање го известуваше својот црн род за последниот настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Е, тогаш, родот Кочов видел дека може да ја искористи ситуацијата и нешто да стори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не срдете сја на мене, мене сиромаха. Не срдете сја на мене скитника без рода.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уља и Велика како врзуваат крај со крајот, Горица сега да ме види не ќе знае што род сме и сигурно ќе бега од мене, улав живот, ебати животот наш, да не се делевме заради мене може поарно ќе живееја, ама човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, барем него ништо не може да го изненади...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секоја квечерина ја праќам на спротивната страна за да ми го продолжи родот. Зашто јас сум осуден на умирање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе