романтичарски прид.

романтичарски (прид.)

Носталгија по романтичарскиот живот, а фрагментот на осаменоста најчесто заслужена е иронија која продолжува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се поистоветувам кармички, зошто беше инвентивна и романтичарски слободоумна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Поетското битие еднаш разделено од романтичарската трансценденција не може да се врати во архајските и идилични предели, тоа останува растргнато помеѓу двата идеални лика: земјата и небото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако продолжиме да правиме copy и paste на излитените, луцидни романтичарски фрази, секоја врска ќе заврши со големо разочарување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)