ручок (м.)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Иде време за ручок и кметот ги пушта под сенката на дрвото да јадат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Пред ручок време двајца војници изнесоа маса од шаторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Ќе си а најдиш маната, — му вели Тода, — небаре кокошка или јајца бараш да купиш, ќе тропниш на малата врата околу ручок, а оние веднаш ќе ти отворат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
IX Комисијата ги обиколи терените околу манастирот, изврши срамнување со картата и се врати за ручок. Игуменот имаше наредено да се приготви богат ручок.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Првин ја запозна со Бонети на еден ручок што го приреди кај него дома: ја викна и Цара да ѝ помогне на жена му во приготвувањето на јадењата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Свеченоста се заврши со заедничкиот ручок.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)