саат (м.)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И до кај десет саатот дошол во крајот од полето и видел еден пат кај што оделе луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Прекинувале само колку да се напијат вода или вино, да прекаснат нешто, да видат колку е саатот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Два дена подоцна запишано е и ова Сабајлето станав уште во три саатот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Само што заврши „Ерген одев” , Шлатас стана од масата и почна да држи епохален говор со лесна политичка конотација, погледнувајќи 30 пути у неговиот скупоцен саат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мора да е луд штом со саати ѕемне на оваа бесмислена стража.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пошироко гледано, луѓето на екстази имаат обичај многу да дрдорат и можат со саати да ви зборуваат колку бескрајно ве сакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се наближуваа кон паркот во близина на саатот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Колку еден саат што одил, пак нашол извор со вода и чунки одел прекутрупа, на многу места наоѓал јаготки и си јадел.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кој беше мудар лапна два стана другите вредно работеа на брана фативме дијабет од премногу мед за млеко се чекаше со саати в ред
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Таа уживаше во мирисите и боите на прекрасната градина, знаеше со саати да си лежи на едно ткаено чергиче под расцутените црешови дрвја, да ги слуша разговорите на птиците и да си игра во мислите со облаците...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Токму со него со саати објективно дискутираше за деструктивната моќ на екстремистите од двете страни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
До овој саат фиљан ќе биде кај нас на гости како при тетка, а од тој саат натаму му се знае — главата негова ќе оди на местото од парите.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Седат ко абдали пред тв кутијата и се тресат за својот фаворит, а да не ги спомнувам оние кутри пациенти со ливчињата у руки кои со саати дрочат по кладилниците и животна цел им е спортската лутрија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кумот не би ѝ простил на старосватицата а за некој саат ни на невестата.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Да седам на табуретка во маало со саати, да гледам како заоѓа сонцето.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)