самопрогласен (прид.)
Ученикот да го надмине самопрогласениот учител.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Еден од „самопрогласените“ рецензенти на ова издание пиша дека ова е еден хибрид помеѓу (стихо)збирка од есеи и добар Марвел стрип.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Има ли надеж за сирота класа да има редовно бифтек на маса сувите корки за душмани клети плавуши лажни да станат бринети Има ли куртул од градскиот крем безлични курви со ефтин парфем има ли куртул од сиот смет самопрогласен лажен џет сет Од Долно дупени па до Прдејци стигнаа субвенции за земјоделци наместо трактори купија вили слекоа опинци станаа цивили
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Таков беше мојот анти-херој на Картагина, во времето кога самопрогласениот херој на вечната Картагина Хабиб Бургиба беше запрен во својот митски од кон вечноста. Останав загледан кон морето, кон брановите, во нивното вечно пристигнување и размислував за заминувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Добро знаеше дека повеќе не постои СФР Југославија. Туку СР Југославија (односно заедницата меѓу Србија и Црна Гора), земја која продолжи да ја признава државата Палестина, самопрогласена во 1988 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој ги носи своите сопствени бои, тој е неприкосновен, и неговата самопрогласена функција има ефект само на јавни места.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)