светулка ж.
светулкање ср.

светулка (ж.)

Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Боже, помогни ми... Пред мене се јавуваат лоши слики, светулки во мракот трепкаат... сон ли е? -или јаве...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тажно е и да се погледне о Родна грутко додека те разнесуваат по полето заскитани светулки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
По ламаринените покриви се прелеваа светлите фатаморгани на сонцето, како треперливи бакарни светулки чиј отсјај создаваше илјадници сонца во очите на набљудувачот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Светот ќе го понесам во фенер од светулка, На крилат коњ ќе го пренесам цело време За да застанам пред себеси И да речам: Би небичас А се беше Бреме Бреме Бреме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ја помилува по косите. собирам бакрени светулки в дланка, се сети.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старец го крши надве лебот и во лебот гледа како си се престорува во земја и во светулки над неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ги гонеа светулките, ги фаќаа, како жарчиња ги држеа во рацете, па ги расфрлаа над своите глави како искри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со молскавици се мерат и векови и малечките божем безначајни умирања и божем невидливи трепети на светулките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Гласот ко светулка ми доаѓа во ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истури рој светулки во нејзината коса.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред очи ми леткаа црвени светулки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со песната и светулки излегувале од нејзината уста која ја полнеле собата од душемето до таванот и излегувале низ пукнатините на џамот, надвор, во ноќта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секоја бесформна светулка околу себе го носеше својот божилак во безброј бои.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Наидувам на книгата легната на патот, недопрена од ветришта и дождови, знак на цивилизација среде море светулки, ноќни животинки и караконџоли.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најверојатно искра од огништето. Сламениве покриви од светулка ќе пламнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе