свива несв.
свивање ср.

свива (несв.)

Мене срцето в бол ми се свива.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ве имам за најблиски Оти сум сам Во самица Пред чиј катанец Свивате колено Со молитви За сродство со изворот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
ЗИМСКИ ШУМОВИ Декември изненаден од нечеканиот шум на студот ја свива кожата на градината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Почна од задниот крај да се свива како сламка на пламен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Често гледаш во тие пролетни дни - излегува малата колона од интернатската врата, свива покрај градските гробишта и за малку ете ја во слободниот простор на полето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во свеста ми се јавуваше руменоликата глава на воспитачот, сѐ така самоуверено исправена пред мојот поглед, под знакот на онаа курзивна максима од гимназискиот лист, - а мене сурово ми се свиваше тупаницата и ми се чинеше дека стискам во неа нож.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој се придигаше со мака, нозете му се тресеа, а рацете ги свиваше над глава како за одбрана. Од носот и од забите му течеше крв.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Целото мое суштество се свиваше од таа измама, јас ковев страшна одмазда, но знаев дека таа ќе остане само во мене. Бев слаб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дајреџијата свиваше раменици, не смеејќи да ја погледне жена си в очи, како да беше тој виновен што порано не го отепале кралот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сонцето само што свива од зенитот по својот широк лак.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И градите на ова издолжено тело ритмично се шират и се свиваат, и невидлив грч поминува во крвотокот и ладнина ги ежави коските.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сонцето заоѓаше. Мама стоеше крај мрежестата врата зад мене, ме гледаше како ја свивам пораката и ја ставам в џеб.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еве сега и градите му се свиваат и му се чини дека земјата се затвора во смртен стисок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ТЕОДОС: Мустаќите... Бетер ќе се од твоите... (Го свива погледот надолу, а ја крева горната усна нагоре, да ги види.) Бетер!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој ги свива нозете во колената, ги подбира кон себе, те едната нога врз коленото, те другата нога врз другото колено, додека зборува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Заборавен за тоа што е околу него, паѓа на колена, вцрвенетите клепачи ги разголуваат зениците стаклено сини и раката замавнува и со секој удар во празнината ги свива силно усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овнето беше уште маладо, но имаше јадри рогови кои веќе почнуваа да му се свиваат кон ушите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Те гледав како диво животинче кое се свива во своето крзно и сонува, сонува, сонува…
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)