севап (м.)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се верувало дека еден од големите севапи било градењето чешма, а најголемиот севап бил градењето мост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски инсистираше на посебната условеност и поврзаност на атерот и севапот, макар семантички антиподно поставени, потоа и на постојаната актуелност на рушветот и калаузот кај Балканците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше очигледно дека Камилски ќе ја исполни нормата на денот продолжувајќи да ги толкува и останатите заемки севапот, атерот, аирот и ксметот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заклучувајќи дека касметот има универзално значење, дека дури и самото создавање претставува обликување на судбината, Камилски предложи и овој збор да им се придружи на претходните од истиот круг (инаетот, севапот, атерот, аирот), чинејќи посебна целина и означувајќи постојано присуство во балканскиот менталитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, откако истакна дека севапотt со други имиња постоел и кај другите народи во Европа (carita, opera pia, pieta, beneficio, elemosina), но кај сите најчесто значел чини добро без да те знаат!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На инаетот и неговите деривати како злобата, зависта омразата, се спротивставува севапот, со неговите деривати како чувството на возвишеност, добрина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко предложи турцизмот севап да се најде во листата на османизмите, но спротивставен на значењето на инаетот, верувајќи дека двата поими на тој начин ќе бидат најдобро разбрани, секој посебно и заедно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)