седење (ср.)
Во војска, или на далечни патувања, се испраќаат со седење пред разделбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Беше многу здодевно и монотоно тоа седење и постојано гледање во книгите.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не траеше долго седењето кај кумот на клупите покриени со ткаени килими и масите со бел како снег штиркан дамаст.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Разбојот и влачењето сакаат седење на едно место, а со фурката може и на вода и в комшии да се прошета и да не губи од работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ВЕРА: Цел ден си на нозе. СИМОН: Да можам келнер со седење да бидам, ќе седам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Беше сигурен само во едно – го знаеше човекот што презриво го погледна кога се поднамести во седењето на ручекот, оти никогаш не седел скрснозе, и по само петнаесет минути сосема се здрви.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сепак, тоа седење во прашливата барака, особено моето раноутринско или ноќно враќање во предградието, ми го откриваше градот во една поинаква слика од онаа што ни се нудеше преку ден.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дали од проветрениот воздух или од долгото седење, свиткани во колената.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во лозјето тој си има свое место за седење, под крувчето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Хикмет-бег, директор на политичките работи на Вилаетот, одговорен по протоколот, ги дочекувал поканетите лица и на секого му го покажувал определеното место за седење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се ежев од помислата на близината на ѕвероликите и од сознанието или сомнежот дека нивното седење и молчење има некаква цел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во општата мака нејзиното осаменичко седење во ќошот на бараката, на крајчето од постелата, не го забележува никој.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На креветот од штици имаше перница и душек, и еден стол за седење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Од добро седење, што се вели, во бурјанот од капини, глогинки и блостур.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Од седење вели, газиштата ви окапаа, од вртење на воланот, вели рацете како на мајмуни ви се искривија пфу!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Здравје да ми имаш и вековита да ми си, ќерко! (Се поднаместува со седењето).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ѕидовите повторно ќе ги бојадисуваме, (Шукри заминува, гледам во нозете што ги вртат педалите, колку пати ќе му е потребно до аголот?), а на местото на орманот, ќе ставиме софа или нешто слично за седење (само 17 или 18, мене ми се чинеше подалеку), нешто комфорно, елегантно, а практично.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)