сенатор (м.)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И така сенаторите се согласија да започне Третата пунска војна против Картагина, макар што идната година Катон беше отстранет од власта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Стојан Христов е американски писател, публицист, новинар и сенатор.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во 1918 год. Владата на САД испрати специјална комисија, во состав: мајор Линдзи Блајндер и сенаторот Луис Кринтон во Македонија, за да го утврди американскиот интерес, а истражувајќи ги изворите за идниот конфликт, да известува за статусот на населението.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На лионската железничка станица ме чекаше генералниот почесен конзул на Македонија, Бернар Ролан, поранешен пратеник и сенатор на Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)