сени (несв.)
Бојата на изгорените цветови попреку и гласот на перачките нагоре прават крст што сени врз изгореното поле.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Едната трепка ѝ сени на другата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вангел, реков веќе, е сунизок и здрав, но кога ќе се загледаш внимателно, ќе видиш дека преку лицето му сени една одвај забележлива сенка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Жената и децата мои, пилците мои, да бидат спасени”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)