сенка ж.

сенка (ж.)

Однадвор влегува една загасита светлина, колку да можам да му ја видам сенката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наместа врз него прелетува темната сенка на облакот и се губи понесена од ветриштата што лудуваат таму на височините.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лежат мирно под сенката на високите борови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не го сторив тоа и живеев во стар напуштен ан, бев злодух поклопен од сенката на минатото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сенка темна се надви над розов бакнеж во свила стегнат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Сенката од јаболкницата во дворот играше по ѕидот над главата на сестра ми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Утрото влегува низ свечени портали на плодот Во сенка на моето дрво самува убавината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Разбери ме не можам повеќе да те создавам да те лекувам со поштенски марки нема повеќе да патуваш сакам да верувам молци ги јадат адресите во мене интимно се топат некои санти и паѓа горчлива сенката на времето кога се кастрат лозите и поривите а билјето развива бујно како грев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неговата сенка, од време на време, проигруваше од осветлената лампа врз татковите книги. – Но јас имам читано – ја продолжи мислата татко ми – дека козите живееле со луѓето уште во време на таканаречените наколни живеалишта, најстарите човекови домови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Војникот само нѐ поттурнува и вика: — Мјафт, мјафт, мшеле гојн!11 Во нужникот нѐ среќава жена: уште само очите и коските се на неа, нема сенка за повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светлината на кандилото со фитил испрекината, во стилот на воздишката што чезнееше од предолго исчекување, во космичка бездна, умирајќи во темните сенки, на ноќната тишина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трипати неделно мораа да се јавуваат во полициските станици и секој ден зад нив се влечеше сенката на полицискиот агент.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се бев загледал внимателно во сенката што за момент ја зафати едно валмо светлина но ништо конкретно не забележав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сенки на некои луѓе се исправија на местото од каде што дојде пукотот и бесшумно се изгубија некаде натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе