сенс (м.)
Секогаш имаше добар сенс како треба да се дотера за различни прилики – и формални и неформални.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Префинетиот сенс во моето чекорење, мистериозната сенка на моето торзо, се само склоп на есенцијата во центарот на мојата таинственост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Егзистенцијалност, на моето постоење Се сплеткав во канџите на твојата сентименталност и сензот го отуѓив...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)