сестрински прид.

сестрински (прид.)

- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога го подели кафето, сестрински или братски, во двата филџана, Маре прозборе; а одвај стаса да забележи: женските мишки се како момчински прасци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Така, на први октомври се сместив кај неа. Двете си имавме потреба една од друга, нејзе ѝ требаше сестринско друштво, мене исто така и сместување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)