сечило ср.

сечило (ср.)

Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но не онаа позната сеопшта и безмилосна вистина спремна да ти ја положи главата и на трупец, под сечилото на некој груб аргумент со тежина на непознат метал. (Поетот во наведениов случај го користи зборот метал надевајќи се дека на тој начин ги избегнува грдите асоцијации што го следат зборот гилотина).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неутешната убавина на зеленикавиот блесок на сечилото го предизвикала да воздивне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, од оние зимски месеци, кога меѓу животот и смртта и меѓу славата и пропаста немаше растојание ниту колку што е сечилото од ножот, во победникот- везир остана нешто стивнато и замислено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Индигнација, лутина и гнев скриени во сечилото преточени во охрабрувачки занес, злобна алузија за да го казнам просторот и времето околу себе, а претворам во ужас дел од сопствениот хабитус и свесно правам деперсонализација, обезличување на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И тогаш мерејќи ја големината на љубовта и стравот што ми ја здрвуваше крвта ја измерив и острината на сечилото за птицата во нејзиното грло.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Иако сечилото од преголема и долга употреба ѝ е изедено, сепак уште служи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Работното место налагаше Гоше да користи огнено оружје, но испитувањата на службите покажаа дека засега “тоа прашање е отворено” (“нагласено темпераментен до благо непресметлив”, стоеше во специјалистичкиот наод на службите), па на располагање имаше секира со кратка рачка, со остро сечило и со наназад силно издаден тупук.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во излогот имаше чинии со завртки и навртки, изабени длета, ножиња со искршени сечила, излижани часовници кои дури не ни претендираа дека се исправни и друго безвредно ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Звучно се зарива сечилото во снагата на шумата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Место да се наспичи на матурскиот испит, Баге тоа си го стори наскоро потоа, без да сети дека на слично сечило ќе наседне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неда е скаменета од сечилото на камата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Околу главата му виореа ѕвезди, се пресегаа сечила, издишки и клетви круна му правеа како на светец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Само мртвите имаат време за чекање, вели Лазор Ночески, оти времето, сето време е кај мртвите, вели, и со прстот врви по веѓицата од сечилото на ножот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Воздишка ли да испуштел спрам некого, од мака, или од севда некаква, врз овега круна од ѕвезди небаре се правела, небаре да му свети како на светец и да го пази со сечилото на светлоста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тоа негово „покрстување“ се состоело во ова: ќе земел еден обичен селски нож чклипитар, ќе го ставел со тилјето на еден камен и ќе удирал, удирал одозгора по сечилото на ножот со друг камен, сè додека да го отапел, а тогаш, кога ќе го направел ножот тап, да не може жаба да заколеш со него, ќе му го дадел на некого од четниците и ќе му заповедал да го непослушникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ни тогаш ни подоцна не се разјаснило што го натерало со еден удар да го забуца до дршка сечилото на ножот зад главата во вратот на Дмитровото сонливо воле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе