симид (м.)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Симитчичето мораше уште пред ручек да ги продаде симидите дури се топли.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ги фрли симидите во чантата, ги навлече сандалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Жените се собраа околу неа и ѝ помогнаа, ги собраа истурените гурабии, симиди и ѓевреци, канчињата и се вратија кон кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со Борис Стојчев по онаа „вечер на славеите“ се сретнав утредента, во бурекџилницата, додека ги чекав симидите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од таблата се креваше лека пара. Тоа викаше: - Симиди, Симиди! Топли симиди!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ајде, ајде на шербет ако остана – ги покани тој и сите ги наполнија канчињата и се собраа по две-три во групи да пијат шербет и да грицкаат од гурабиите, симидите и ѓевреците, шепотејќи секоја група за себе, за настанот со Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во десната рака носеше сребрен ибрик со шербет, а во левата кошница со гурабии, симиди и ѓевреци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Застана Петре малку да гледа, додека да го изгрицка со сласт највкусното мрсно мездре во симидот: можеше да проба и нешто друго, бива?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)