симпатија ж.

симпатија (ж.)

Таа борба ќе им ја симне маската и на едните и на другите и ќе ги востанови симпатиите на европската јавност и на европските влади во полза на новото течење и против лажливците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој е еден од оние кои може да даде најголем придонес во создавањето интерес за развивањето симпатии кон мајчиниот јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Хистеричите изливи на омраза против населението кое во Македонија се борело против турската власт биле проследени со изразување на дотогаш нечуени симпатии кон султанот и неговите крвави репресалии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Драмата може да почне. За помалку од минута, публиката веќе реши сѐ околу симпатиите и антипатиите“ - можеме да ја сметаме за пример на елементарна симболика која не го вклучува културното наследство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние принципите не ги даваме за некакви привремени симпатии.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И тогаш ме осудија за симпатии кон Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога зборувал, не зборувал со некоја симпатија или со она длабоко сочувство на брат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми се насмевнуваа со некоја нагласена симпатија, заговорнички ме погледнуваа, а притоа настојуваа на некој посебен начин да ми ја изразат својата поданичка покорност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи најсериозно мислев, а и сега мислам дека таа недоречена симпатија, или занес, дури и за самата Рајна и не беше ништо друго туку еден од нејзините безбројни каприци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имаше некаква особена симпатија спрема тоа црно, весело и задорничаво момче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги зачуди и Дедомразовите живи очи, иако неговото срце, подзапалено од симпатијата, во одредени моменти знаеше да се соземе, да падне на земја смирувајќи ја топката огнена што удира во мирните вијуги на неговиот мозок.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Симон тогаш со симпатија ми пишуваше за тој човек.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постоеше една нишка на разбирање меѓу нив, поважна од симпатијата или од едномислеништвото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ај, тогаш може да беше детинска симпатија; нешто што брзо се врзува и брзо се кине, но што е ова што ми се прави сега? А и Михајло Горачинов...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа надолго ми пишуваше за нив, за нивните љубови и симпатии, за сите случувања во градот...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Повеќе