синко (м.)

- Синко, знаеш ли дека сме во обрач од Германци, да бегаме, трчај колку можеш по коњите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Умно зборуваш, синко, но ајде да видиме што станало со скривницата - рече мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На друмот се креваше прав и чад. - Леле, синко, отидовме! - пиштеше мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Синко мој, нема подобри услови и подобри времиња, без подобри луѓе, без работа и без саможртва.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бабо Крстовице, остани ми со здравје... - Господ здравје и ум, синко, да ти дади и носи поклони дома на сите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гледај, синко, да живееш како човек и да умреш за неа, ако треба. Та ти за друго и нема зошто да живееш“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Их, бре синко! - изнервирано викна мајка му. - Остави го Дорчо, волкот нека го јаде! Не гледаш што стана? - Видов! - одговори Трајче
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Веруј, синко, оти секој син и ќерка што не слушале татко и мајка големо наказание од Бога добиле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Синко мој, на денешен ден татко ти отиде во Америка и мене ме остави млада да црнеам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете тие две пилиња, синко си биле некогаш брат и сестра.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако ли не, кат пораснеш, ког' јунак ти станеш, срце ти кога затупа, в жили крв заврие, негли, синко, ште отплатиш на мој клетиј крвник...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Чекај го синко! - рече баба му, го лупна по обравчињата и го испрати в бавча да си игра.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Слепите го пофаќаа со рака за рокчето и му велеа: - Со рокче се може, синко, но без виделина не се може. Во мрак е најтешко да живееш...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ем, тако ми Бога, чедо, тебе може да ти се чини лага, ама мене за вистина, чунки ми е приказано од деда прадеда; чунки во стар век, синко, не лажеа нашите стари како сега што лажат младите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така, синко, да ми си прокопсан да не ни се ситат душмани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Повеќе