синтеза (ж.)
Дел од католичките конзервативни интелектуалци блиски до тогашните клерикални кругови долго време ќе се противат на синкретичната арапско-шпанска цивилизациска синтеза, додека за прифаќање на нејзиниот траен удел во обликувањето на националната шпанска култура не можело да стане ниту збор!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Систематско, осмислено подредување на мислата, синтеза на изгубени поими, заборавени моменти, важни одговори и конкретни заклучоци.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Синтезата на болот и шумата стеблото го претвораат во прашина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Природата на јазикот во прозата на Чинго, ако тој јазик го сфатиме како синтеза меѓу повеќе говорни стилови и јазикот и стилот на народното творештво, ни сугерира два вида литерарни настојувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Виде- не виде, се откажа Мил од тоа и продолжи натаму да експериментира во лабораторијата подложувајќи ја смешата на овие аноргански елементи на ултравиолетовото зрачење и електрицитет и високи температури за да предизвика импулс во синтезата, во создавањето на органската супстанца.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Синтеза од активности да се пронајде вистината која не постои... формулата...? што го менува светот и животот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На обата брега се покажуваа двата клучни облици на медитеранската екстаза низ светлината на белото и црното сонце, како синтеза на универзалниот трагизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во првиот случај имаме талентиран ум кој мудро се движи кон културна синтеза, а во другиот непромислено дете...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Напати остануваше омаен од опојната синтеза на верскиот простор на големите цариградски џамии.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но ... чуму сиве овие анализи и синтези, индукции, дедукции, редукции, ако ова го повтори и идната генерација, и таа по неа, и таа по неа...?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Меѓутоа, се надоврза Татко по Riconquista исчезнаа и последните живи заедници кои би можеле да продолжат да ја негуваат андалузиската муслиманско-христијанска синтеза?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Всушност тој претставува синтеза на обајцата: радикален во формата и провокативен во содржината.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неопходната синтеза на земските хранителки (козите и козарот Чанга) и интелектуалното присуство (таткото) е цврсто поставено.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Значи дека јазикот на Чинго, и самиот синтеза на две блиски, но сепак различни структури, остварува синтеза меѓу две различни книжевни настојувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Луан Старова, денес, во светот, го препознаваат како автор на успешната синтеза на балканските култури.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)