сказна ж.

сказна (ж.)

Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повозвишен свет од светот на играчките немало на земјинава топка ни во една сказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дрвјата како да играа балет, а снегулките како да ткаеја најубава бела сказна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога ќе напаѓаше големиот снег во времето на детството, градот стануваше бел како во сказните, волшебен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Баба во своите прикаски се обидуваше да наложи среќен крај односно да измисли сказна во која ќе се најде јунак од едната или другата страна на границата која ќе го убие змејот, ќе ја победи границата среде Езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сказната е од една пустина Со илјада песочни дини.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
21. АЈДУКОТ АЈДУК ФАЌА - во таква ловџиска сказна алвата за боза се враќа, наградата наместо казна...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Одејќи зад баба Петра Ѕвезда се приспомнува за сказните што баба ѝ ги кажуваше во зимските квечерини и долги ноќи до огништето. За зверушинките коишто меѓу себе се пазат и почитуваат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа беше нешто невидено. Нешто како од сказните и приказните излеано.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Македонска сказна Си бил еднаш еден народ кој зборувал на многу јазици.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во секое време можев да измислам сказна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога седнав ова да го запишам, во трето време, кога и јас ги имам годините на Караѓоз и Ване Мицо, вам лага, мене вистина, повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себеси и на ноќите со крцкавиот снег, и на играта на сенките, и на троглавата змија на амбарите, и на пагурчето со ракија, и на трепнежот на газиената ламба на таванот што ми беше свидетел за она што го слушаа моите уши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се согласив: За сказната – со камата – своја сказна ќе ти вратам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Остана сказната за длабочината на бездното, за лавиринтот, подземниот пат низ кои, во дамни времиња, опседнатите на Калето полнеле вода или, низ него, некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе