скапан (прид.)

Душемето одамна веќе беше скапано и повеќето распаднато и со неколку пармаци останати од оградата на чардачето што сега беа виснати држејќи се само на по една шајка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислев, јас се убивам од работа цела ноќ и рацете ми набабруваат од водата и детергентот, за скапани седумстотини денари, а тој со другарите во рок од еден час испи дупло од таа сума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во полутемната просторија, што нѐ удри во носот со реа на скапана зелка и помија, немаше многу луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лекарите ми ја чистат, го требат месото скапано и пак во гипс ми ја повиваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мирисаше на барут, на чад и скапана слама.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Влечеме скапани и смрзнати нозе и не знам кое време стигнавме во едно село.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го требат скапаното: ќе го одделат црвецот од шупливото, ќе го позабришат плодот, и така ќе го лажат мевот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ДИМИТРИЈА: Твојата кариера стави си ја ти во газот,а мојата скапана куќа остави ми ја да ми се сруши врз плеќите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кога дојдоа Французите, видовме дека се јадат и црвени патлиџани. Скапани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчаш низ буките, откопуваш со нозете камења и скапано лисје, ги забираш, ги корнеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кому му е гајле дека во него нема скапана банка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во животот- овоштарник има зрели, зелени и скапани овошки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
СТЕВО: Мојата кариера зависи од секој чекор. Во овој момент зависи од оваа скапана куќа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
— Летно ѓубренце, зимна понада — велеше бабата Стаќа Горева, кога ѝ велеа зошто ѝ се такви скапани, изгорени, ситни патлиџанчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Твојот скапан син ти го сакаше!... Задржи си го тогаш! Ти самата?... Ебате судбината божја курвинска!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Абре, тие јадат жаби и змии, ќе рече Доксим Тренчески, а камо ли скапани патлиџани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе