скреж (м.)
Ѕвездите биле скреж запрен на својот пат од невидлива мрежа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Скалите фатиле скреж, како голиштарец да се прошетал по нив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ведро, зимско пладне... Студено е, камен пука, и на Надењка, што ме држи подрака, ѝ се нафатил сребрен скреж по кадриците на косата и по мовта над горната усна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бил премлад да ја соголува во мислите како што ја соголувал во себе, ја кинел и ја апел Арсо Арнаутче пеколната богородица без рожба, златоликата Фиданка Кукникова. Бол, скреж на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)