скржавост (ж.)
Тоа жителите на Потковицата не го правеа од скржавост, или од мрзливост, туку дека беа економични спрема гората.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Малчо, како што рековме отпрво, беше малку необично дете, имаше во неговата душа и малку злобност и среброљубивост и скржавост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Истото, што е речено за дебелината и скржавоста се применува за растот на градоначалникот. Вистинскиот раст е меѓу 6 и 8 лакти.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)