сладок прид.

сладок (прид.)

Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Но, јас немам гости. – Возврати џвакајќи – Никогаш не сум била толку гостољубива за да ми дојдат гости на кои ќе можам да им призачувам од вакви слатки, преслатки работи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гудало од слатки нерви се скокотка и се игра со некаква виолина.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И ние сакаме на мажите да им бидеме слатки како вашите чоколади!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зар може да не има милост кон оваа слатка и убава невиност?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Низ мускулните ѕидови продираа неговите слатки зборови и оставаа траги во јазелот на мостот оставаа дамки на запалена цигара врз хартија или допир од машки раце Нож ли беше во темниот мрак каде двете тела разгорени се влечеа?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Баклавата во долговечното владеење на Османското Царство немаше само сладок вкус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа никогаш не почувствувала такво слатко треперење од петиците нагоре.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Слатката детска насмевка, ги потиснува сите темни дамки, сите мигови што носат чувство на немир, во крошната ја оставам нејзината прегратка, за мирно да спие, со слатки сништа, чедо мое...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пијана и слатка мака го завиткуваше во лесен облак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вдовицата го поела со шербети и со слатки вина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Насекаде се шири мирис на печива и слатки колачиња и чоколадни зезалици, додека од секое ќоше одекнуваат божиќните песнички... а ти седиш сам на аголот и мечтаеш за идниот Божиќ, во којшто нема повеќе да бидеш странец и шупак во овој магичен свет!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ти ли си ми сега таа слатка болка што здивот ми го одзема кога ќе се насмеам?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
СВЕТОТ е исправен пред недостиг на слатка вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тешко на тој што не знае што е сиромаштија, вели дедо, оти никогаш не ќе дознае колку е слатко јадењето кога си изгладнет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Повеќе