слана (ж.)
Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Колку се убави, а осудени се да овенат со првата посилна слана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Одеднаш јарето исчезна, чиниш се стопи во мракот и темнина стана, стана слана на калдрмата...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Всушност, тоа беше ноќното студенило, влажниот воздух што во ѕвездената тишина се кондензирал во премаз од слана врз цвеќињата и овошките.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќе те пресече мраз, ќе те изгори слана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Овошките слана ги ослани, нивјето мразот ги попари.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Оваја живот ест кратка како роса и слана, и како трава и цвет и дим.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
„Од есенските дождови и слана ќе падне листот, па ќе извршиме есенско кроење и заштита на коренот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Издишката ни станала бела, како слана, како пепел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ќе те пресече мраз, ќе те изгори слана. - Никого не чекам, - рече Белото.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
- Тетко, викаат, трчај, тетко Велико, Ангелета го погоди куршум, викаат. Мене слана ме попари.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не често, но се случува, во планината сланата да падне рано.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)