слануток (м.)
Но потоа, старата го распрета огништето и се обиде да го свари кафето откако претходно ги истолчи печените зрна со ќускијата за слануток.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пиеше само „Дифка“ кафе, што сама си го правеше од јачмен, ’рж и слануток и никогаш не вечераше, за да им остане повеќе на дечињата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вреќи жито, грутки шеќер, сусам, слануток, ориз за пиљав и сутлијаш, ќупови масло и маслинки, суви плодови во кошови, сливи, урми, смокви, а потаму и грниња мед, лој и овча маст.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако ѝ рече да си оди, таа ќе се врати, зашто и Амдие, Разие и Селвие трчаа по неа да ја прашаат што да прават со сланутокот, или дали е арно ралата, плуговите, дрвените лопати за веење, вилите, греблата и срповите да стојат на истите места како и порано.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)