слепило ср.

слепило (ср.)

Слепило, заслепува... алова, алова течност низ кружни токови...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Често пати сугестиите дека луѓето можат да бидат успешно сфатени како машини (и според тоа ограничени) се видени како нешто навредливо или бесмислено, и тоа се смета како симптом на некој вид политичка грешка или интелектуално слепило.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Алкохолот што се содржи во жестоките пијалоци помешани со метил и оној што се употребува во медицината (првиот е често користен од тешки алкохоличари поради популарните цени) е посебно токсичен, понекогаш предизвикува слепило, кома и смрт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нешто како кокошкино слепило...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арсо ја губеше способноста за ориентација во полното слепило.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се укажува и на балканското национал- лингвистичко слепило, кое не гледа дека: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата Држава, го учат само нивниот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека другите спијат сонувајќи убави нешта, обземени од болно сладострастие, вршулејќи на полноќниот мраз, тие ги заведуваат добрите, простодушните, со игра која води до слепило.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Подоцна се покажа дека тоа бил редок вид слепило, такво слепило што не можеше да се лекува со носење очила.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во светите текстови лудилото е казна ако не се биде послушен на Господа: „Господ ќе те удри со беснило, со слепило и со лудило“ – таква е казната според „Стариот Завет“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како што атмосферата стануваше сѐ повесела, газдата Вајс ја креваше чашата и му наздравуваше на персоналот, но поради слепилото, раката му одеше малку понастрана од масата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бидејќи, кој знае, можеби токму историското слепило е онаа смртна болест на машкиот свет?!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И пак, ноќ, пак ноќ. Слепило. Во неговите волчи катници отровот луто биеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Блажени да се твоите златозрачни очи кои го одзедоа неразумното слепило од моите очи и ми огреа богоразумна светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Кој не верува, нека проба да гледа во сонцето: та нели најголема светлина тоа ни испраќа, и во мигот таков – слепило целосно настанува?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Блажени да се твоите ангеловидни зеници озарени од божествената слава, тие ми го разгонија слепилото на срцето и го просветија со боговдахновни зборови.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
- Човекот е најкревкото нешто, - рече отец Иларион, - границата каде што му се допира разумното и неразумното е блиска; исто така: свесното и несвесното; доброто и лошото; виделината и слепилото; појмливото и непојмливото. Сето тоа е во рамновесие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе