слета св.

слета (св.)

Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ќе ја фрлев чантата и со трчање ќе слетав назад по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Слетавме на мала плажа со сосема бел и многу ситен песок. Како сол ситен и бел.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па дури и сивата карпа, на која славејчето никогаш порано не беше слетало, го погледна намуртено и не му дозволи да слета на неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Знаеше Тој дека има и птици - еретици, кои откако ќе долетаа во родниот крај слетуваа право во пазувите на девојките.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јужниот ветер ја рашири неговата миризба, пчелата ранобудница неколкупати слета во неговите цветчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во меѓувреме, другата стјуардеса ги извести патниците за слетувањето и ги предупреди да ги врзат коланите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во мигот кога во себе ја плетев оваа надежна мисла, на највисоката гранка на дрвото над кучкарникот, слета гиздав сокол. Застана на гранката гордо и достоинствено.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако се гледа во тој миг одозгора, тој прилега на фантастична, асиметрична пеперуга што слетана на сувата земја трепери од некаква непозната страст додека врз неа паѓа црвеникавата прав на времето”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А Полнета кокошка со компири и сос слета под мојот прозорец. Дали да ја изедам?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои ја виделе како јава на крилест змеј над блиската клисура, слетувала крај водите и се вовлекувала во пукнатините на стените од каде, по неколку дни, исползувала како темно сива змија, долга и уплавна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе почнеа да зреат крушите, на гранките слетуваа илјадници врани и чавки. Крушата потемнуваше и бучеше како кошар.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во срцето на дрвото, црвот Му ја гризе срцевината, Дрвото вене и темнее, Красти му ја смукаат топлината, Крај листот чучулига слета.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На прозорецот од собата слета бела птица која од некаде му се чинеше позната.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе