сложен (прид.)

Започнувајќи со седумдесеттите години физичарите флертуваат со идејата дека теоријата на хаосот може да го објасни поведението на сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сашо не можеше да разбере. Мал е за да проникне во тајната на толку сложени нешта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Оваа техника за изучување на сложените системи е многу почувствителна на случајности во споредба со некои други.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара на секој дел поодделно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше премногу сложено да се искаже со зборови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фидбекот создава сложена динамика во прости системи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или да раздели сложени емоции на прости потреби.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Њутн и неговите современици, во осумнаесеттиот век, се надевале дека ќе можат да го претскажат поведението на секој сложен систем со тоа што ќе ги идентификуваат сите делови и ќе ги изучат сите нивни меѓусебни заемодејства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие структури требало да содржат сложени технолошки и електронски внатрешни делови коишто би предизвикувале автодеструкција и имплозија на целата структура во рамки на периоди од дваесет секунди до дваесет години.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој сложен и амбивалентен симболизам на огледалото содржи голем број на важни информации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Среден простор и книги сложени алфабетски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од сите ексцентричности на египетската лексика најизвонредна е можеби онаа, покрај зборовите коишто во себе обединуваат спротивставени значења, која во себе содржи сложени зборови во кои две реченици со спротивно значење се обединети во еден композитум кој го има значењето на само еден од неговите два члена кои го конституираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова исто така намерно е сложено, за да звучи како реклама: Меѓу нашите артикли од лиено железо, ја препорачуваме славината која сама се затвора кога никој не ја слуша.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе