случаен прид.

случаен (прид.)

Не можев да се ослободам од чувството на виновност поради недоразбирањето што очигледно произлезе од моето сосема случајно поврзување на Јапонките со присуството на девојката в бело во претсобјето на вујко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Античкиот град молкум го напуштаме ги памтиме звуците на животот пред катастрофата и се разбираме со чкрботот на забите и случајните крици кои личат на оние од мигот на уривањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но тоа делење среќно е избегнато само од случајната неопитност на нашите непријатели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас сум случаен повратник од бездната и затоа се плашам од слободата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или најмногу ја посакува улогата на џелат, кој откако ќе ги потцени обвинетите се определува за лекоумни и случајни заклучоци и аргументи?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Случајната грешка само го потврди мојот внатрешен кошмар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Универзалната Тјурингова машина би имала потреба од многу повеќе инструкции за да успее да воспроизведе некоја низа на случајни настани отколку за да симулира периодичен процес.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Минувачите често ѕвереа во неговата соголена глава како случајни посетители на мала подвижна изложба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Брзав да ја завршам апсурдноста на оваа случајна децениска средба во која прашањето „како сте“ сосема природно изостана.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од сите хазардни игри, тој најмногу го сакаше покерот којшто најмногу го потсетуваше на играта на неговата судбина секогаш за значајни потези да одлучува случајната карта, картата на другиот...
„Граница“ од Луан Старова
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со други зборови, случајните бомбардирања мозокот ги толкува како соништа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маалското дружење се сведува на случајни средби додека искачаш од дома, шишаш трава или чистиш снег.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се разбира, мојот господин Семјон го премолча името на убавицата за која се посомневал дека би можела да биде во некаква врска со тој негов случаен соговорник од кафеаната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Глигор стоеше пред него, готов да го заштити од ненадеен и случаен налет од темнината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе