случување (ср.)
Во бележникот на поетот ваквите случувања ја носат етикетата срамни трошки од трпезата на животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Им препорачуваше добри ресторани или крчми во Битола каде што можеа да ручаат, разменуваа идеи и мислења за тековните модни случувања во светот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Треба да знаеш дека во мојата пракса имам евидентирано приличен број необични случувања кои по внимателните и сестрани анализи ја губеа магијата на таа необичност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Нели те збунуваат случувањата, околу тебе, дали се плашиш од нив?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Напоредно со случувањата во западна Европа и на тлото на Балканот и пошироко, освен промени на политичко поле, биле преземани и активности во ширењето на христијанството и писменоста меѓу Словените.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Професорот Седларов истакнува дека монахот внимателно ги следел сите вакви случувања и грижливо ги запишувал.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако болеста е случување кое ни е непријатно како спомените што не можеме да ги промениме, пресреќно заклучив дека сум болна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
- Молитвите, чедо, се молам Господ да ме издигне над сите случувања –за да ги разберам.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Иронијата е во тоа што, во сегашноста може ништо да не забележиме, доколку сме замаени во реализација на своите себични интереси, или зафатени со секојдневните потреби на нашето физичко тело, не регистријајки ни најмал дел од случувањата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сите случувања се во умот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града. Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тие слушаат лоша музика јадат нездрава храна, имаат нарушен биоритам и не следат културни случувања.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На масата се пиеше битолско пиво, вино, ракија и жестоко се полемизираше за актуелната дневна политика, за случувањата кои ја тресеа Европа, а со тоа воедно и Македонија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сеедно, кренатиот поглед ја плати должната сума и во прецизен натурализам ги здогледав: острата боја врз реткоста на косата, старите испакнати вени и младешката облека, злоупотребата на психологијата како наука, вечното незадоволство од очекувањата, нискиот стремеж кон „високи“ случувања.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Не можам ни да го предвидам, во телово и душава ја чувствувам паниката која ме окупира, епицентарот на случувањата се менува со секоја нова бура од натприродни настани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Така настанува субјективниот впечаток дека се наоѓаме среде случувањето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа сигурно се родила како последица на лошите случувања со авторите на неумесните шеги!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)