смее2 (несв.)
Треба да се потенцира дека со оваа измена престана да се применува концептот на загарантирана минимална плата со закон а која претставува загарантиран минимум под кој не смее да биде исплатена плата на работникот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но не смееме да заборавиме дека модерната држава има монопол над движењето.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можам да пресудам право за нив, иако човекот не е судија, тој никогаш не смее да им суди на другите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сега се чудеше како воопшто смеел до пред малку да се задржува надвор, потпирајќи се само на приказните дека ѕверовите се плашат од светлината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сепак тој смета дека на Владарот никој не смее да му го оспорува правото да владее.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не, не смее да им се препушти на емоциите!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Живее и никогаш не смее да се врати в град.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Четврто: Никој не смее да ги предава тајните на дружината.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Петто: Никој не смее да рече: нејќам, не сакам и не можам.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Човек кој би ме посматрал ако се загледа поскоро би видел како стрелката на часовникот се движи. Сепак морам да одам. Не смеам да застанам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Македонците не смеат веќе ни дома македонски да зборат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
До гробиштата на птиците не смееле да се доближат ни луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А тоа беше нешто што не смееше да му се случи на еден славен мачор.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тоа била униформата на капиталистите и никој друг не смеел да ја носи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Туку и тоа дека никогаш не смее да се признае никаква промена во доктрината или во политичкото врзување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Власите во Грција немаа и немат никакви права, не смееја да зборат влашки, да живеат во градовите туку мораа да останваат високо во планинските села, на песните им го менваја тексто во грчки и ги претставуват како нивни да се.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Словенска антитеза
Дали ветер се дигна над морето под небото
дали птиците се вратија и топлите времиња
дали јазикот се поднови и смислата
или миговните богови збор зедоа и загинаа
та преметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината ги размножија
и душата ми ја изнесоа на отворено
како разговор во акропол
да не смее да биде сама
а да сака?!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Второ: На секого, што и да му се случи, не смее да плаче и да се мрсулави.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)