смилува (св.)
Боговите на другата страна на границата не се смилуваа кутрата Ервехе да си го види жив брата си во Поградец.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И покажуваше невидена моќ во создавањето на најголемата жртвена процесија за да го смилува својот јаничарски бог.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во меѓувреме, се смилувал и дедо ми и му го доделил и делот од имотот што му следуваше на татко ми (ниви, овци, кози и говеда)...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А кој и да се смилува гледајќи ме ваква стемнета со малечко во рацете и со огромно куче крај себе!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На сите како да ни олесна и сите си велиме: имало господ, ги виде гревовите наши, се смилува и ни прости.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господ да ни се смилува: човечкиот ум си шета, не е за едно место, не стои на исто.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цел месец не се смилува да фрли некое покровче пред жешкото јулско сонце, та така ги испече на животи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По цел час очајничко сигнализирање на автомобилите и товарните камиони кои брзајќи поминуваа низ невремето, конечно ѝ се смилува возачот на еден стар автобус.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мајка, кутрата што стори молење до Бога да се смилува да се крене границата за да замине да го види брата си Сабаудин Руси, кого на галено го нарекуваше Бубуш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сѐ што е врзано да разодврзе, да не тоа ми помогне, да се смилува господ, да не ме мачи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа утро кога не се смилуваа ами преку врска го примија в болница, тоа утро му студеше на лозарот, а немаше топли чорапи, тоа утро лозарот од Неготино потајум и во себе се прашуваше - ако докторите доцнат, доцни ли и смртта?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Смилува се бог...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Климент Камилски, запирајќи го читањето, размислуваше зошто немилосрдната и бескомпромисна шпанска инквизиција им се смилувала на рицарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)