смрди (св.)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дали потта некому му мириса или нозете му смрдат?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Постојано ми иде мислата дека човекот смрди на земја, ќе смрди и во земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мрдаат со главите, со ушите и сите смрдат на јод и на ракија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одвреме-време проговорува, го предупредува големиот син да ја тргне чорапата од близината на огнот оти почнува да смрди на скрумовина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Знаеш ли дека смрдиш како прч ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме. 71
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој ги тепа мажите, а жените се мачкаат со кал по лицата и со лепешки по рацете. И смрдат, корнат жените.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Големиот нужник во паркот покрај кој мора да се мине смрдеше како што секогаш си смрдел, а тука беше и јавната чешма со скршената славина и баричка околу неа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Петнаесет минути Џ плачеше, уште петнаесет минути воздивнуваше, а потоа немо ги набљудуваше мртвите миленичиња сѐ додека не почнаа да смрдат.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Види ваму: човек што не е за својот народ, не останува со ниеден. „Гомното од сите страни исто смрди, велеше дедо, од кај да му се доближиш, исто.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Воздухот во малата квадратна просторија над ѕвоната беше топол и застојан и силно смрдеше на измет од гулаби.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Никој не може да го извади од кожа затоа што овде никој не смрди, никој не се шверцува и не се бутка за прв да влезе.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Мрднувам со рацете, се пофаќам. Да бев мртов, сигурно не ќе можев ништо да помрднам. И ќе смрдев, ко отепан гавран.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само си зема срцето, вели таа, а алиштата ѝ смрдат на манџа, на помии, на работнички јадења.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Отвори го прозорецот, ќе се смрдиме!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И траело тоа пријателство, и сѐ било добро, се помагале, се почитувале сѐ до тој ден, кога човекот не ѝ забележал на мечката дека ѝ смрди здивот.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)