снижува несв.
снижување ср.

снижува (несв.)

Тој само да се снижува пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ваквиот однос на потценување на нејзините вредности лошо се одрази во практиката, снижувајќи го бараниот стандард, во некои случаи влијаејќи и на самата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Некоја планина ми седнува на раменава, вели Јон, и ми тежи, ме снижува надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но – го снижува гласот Хорацио – музиката е придвижник на страста, јароста, претерувањето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)