совесно (прил.)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во вршењето дискрециони овластувања секој избран или именуван функционер или службено лице е должно одлуките да ги донесува совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото на законитост и справедливост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
СОЊА: Што предлагаш ти? БОРИС: Сите одлуки засекогаш да се донесат. И совесно да се спроведуваат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
4 Оттука, ако немаме парничење, во духот на светиот правен принцип Bona fide [„совесно и чесно“] – не може ниту да се развие објективно [материјално] право, бидејќи уредувањето на овие правни правила, по правило, е cura posterior!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сериозно и совесно чекори сега германскиот народ во третата воена зима.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)