советува (несв.)

Сите се сјатија да видат, да советуваат, да помогнат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Познавачите на срцето на автомобилите ги советувале да возат и само да возат оти застанувањето може да ги одвои од патот и од зацртаната цел.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со тоа можете да се бламирате па ве советуваме да не го правите тоа за да не го бламирате и делото.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние, јас и Костадин Дамчески, вели погледнувајќи во Васила кој ги донесе камењата и сега држејќи ги в раце стои над него, планиравме оваа година таму, во Стамбол, да испратиме наши претставители и тие да му го предадат планов и писмото лично на султанот, но прилепските првенци нѐ советуваа да не го правиме тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Главниот инженер ме советуваше да барам да се стават водомери за во иднина, во случај на кризни, сушни периоди, да може да се ограничува и да се контролира потрошувачката на вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко ми ме советуваше да бидам вредна и да го учам јазикот. Потоа се надоврзуваше мојата сестра.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Задевањата на децата веќе не го навредуваа и за деда си не се плашеше. XI Токму тие денови комитите и повидните селани од Брезница со часови се советуваа како да го тргнат злото што ги поклопило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Затоа сакам да се информирам за туѓите нации и секому му советувам да постапува на истиот начин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Каква нискост! Убиецот се мотка под нашите прозорци, а дебелиот адвокат ме советува да се средам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мојот еким ми советува капење во тамошните топли бањи поради ногава, ама уште не сум се решил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Немаше потфат што сакаше Сулејман да го преземе, а да не му го изложи на Мехмед и да се советува со него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури и владите што отпрвин ја симпатизираа нивната кауза се принудени, поради тие атентати, да се откажат од тоа и да се присоединат кон сите други влади што сакаат обновување на мирот, за да го советуваат Турчинот да го задуши што поскоро тоа востание кое дегенерира во анархизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разболе и лекарите му забранија да пие, а жена му и син му ги советуваа да не му даваат можност да доаѓа во допир со пијалок, зашто му се заканува опасност да умре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таткото на мојата сопруга, кога го преуредував станот, ме советуваше на кујната да гледам како на неважна работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сите лица со кои се сретнал Гарванов во Бугарија му советувале да се откаже од сѐ и да се помири со „сепаратистите“ и „партизаните“ - како што ги викале водачите на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На железничката станица долго ме гушкаше и ме советуваше: „Умен да си, бабин. Да не скиташ. Да не се тепаш. Да не правиш некаква беља.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе