содржи (несв.)

Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој чип, тој лост во човекот е преземен од духовната супстанца што е содржана во универзумот, во стварноста, во земјата на која луѓето живеат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во случаите предвидени со закон или со пропис донесен врз основа на закон, решението не мора да содржи одделни делови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Измената и дополнувањето од јули 1998 година содржи три одредби преку кои се проширува опсегот на невработените лица кои можат да бидат вработени на неопределено време за работодавецот да може да ги користи поволностите од ЗЗВ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа тишина ги содржеше сите болки на мештаните, сите зборови нивни мисли, сите стравови од огорченоста и барањето на одговорот на тоа тешко прашање: Што ќе се прави сега?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако меѓу оригиналот и преписот на пресудата постои несогласност во поглед на некоја одлука содржана во изреката на пресудата, до странките ќе се достави поправениот препис на пресудата со назначување дека со овој препис на пресудата се заменува поранешниот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само неговата балканска оставина содржи седум илјади страници во седум томови, на којашто ѝ посветил дваесет години од својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така на пример супстанцата во која е содржана суштината на човековиот дух се наоѓа во еден столб што допира до темето, горе, се спушта по 'рбетот надолу и кај коренот на гениталиите свртува нагоре до стомакот некаде зад папокот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И, иако втората позиција има јасно оправдување, потврда - на крајот, битно е едно дело да биде разбирливо, драмата да може да се игра, а поемата да се чита - арогантниот став на критичарите со кој тие оценуваат дали еден превод е добар или не, од чисто монолингвистичка позиција, повторно укажува на неблагодарното место што го зазема преводот vis-a-vis метатекстот (дело изведено од, или што содржи, веќе постоечки текст), каков што е и литературниот критицизам, сам по себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во оваа книга се содржани сите метафори на балканската сага. Таа останува трајно отворена книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веродостојноста на приказната содржана во неговите записи, сметал стариот монах, добива уште поголемо значење ако се смести покрај имињата и гласовите на новороденчињата; покрај плачот на детето и изреченото име од страна на кумот и тоа секогаш забележани под надзор на благата насмевка на светците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татковите книги сѐ уште ги содржат неговите соништа поврзани со мајкините. Мојата потрага продолжува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој го направи - и ќе го направеше сеедно, дури и никогаш да не го беше ставил перото врз хартијата - основниот престап што ги содржеше сите други во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие структури требало да содржат сложени технолошки и електронски внатрешни делови коишто би предизвикувале автодеструкција и имплозија на целата структура во рамки на периоди од дваесет секунди до дваесет години.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали тајновитоста на тие пораки не го актуализираат она веќе изречено сомневање дека еден од можните одговори или решение на оваа гатанка е содржано во спомнатото веќе сако?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе