сознавање (ср.)
Македонците се организираат со сознавање на своите права на својата татковина и својот долг пред неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главниот услов за културна работа не е полната политичка слобода, а моралната воспитаност на народот и на неговата интелигенција, сознавањето на моралниот долг пред народот кај секој член на тој народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се обиде да објасни со тихо сознавање дека нишката на една увереност се затегнува како слаба преѓа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ме болеше насетувањето дека брат ми и јас се разделуваме, беше тоа прво сознавање дека тој и јас ќе тргнеме по одделни патишта и таа помисла болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)