сомнителен прид.

сомнителен (прид.)

Избори нови повторно се ближат сомнителни ликови на гласање се движат за поголем процент редовно се грижат па гласови мртви во кутија нижат О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се сметаат за образовани, се држат отмено и никому не веруваат. Сите им се сомнителни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас пак ја отскривав секоја жена што ќе ми се стореше сомнителна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како главно оружје за кочоперење најчесто го користат интелектот (кој претежно е сомнителен) и нивните 300 научени латинизми со кој би изгледале премногу учени и неразбрани пред простата маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Етичкиот кодекс и на едниот и на другиот тип луѓе е од сомнителен карактер, бидејќи и мотивите за делување се проблематични.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поголемиот број од нив не се занимавале со конспиративна дејност, меѓутоа, имало и такви што биле сомнителни, но никој во нив не се посомневал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Најверојатно им изгледаше како сомнителен криминалец затоа што на десетина метра од него се наоѓаше банкоматот од Апашка банка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Колку да му беше сомнителен во прво време, сепак се реши да го одведе, да му ја пренесе наредбата од војводата, за која Јован рече дека му е речено лично на Крстета да му ја пренесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првиот го познаа одеднаш, но другиот им се стори нешто сомнителен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каде и да одеше, кого и да убедуваше од власта, а во партијата немаше пристап, брзо ќе завршеше како сомнителен, ќе го испитуваа, ќе копаа по уште незалечените рани од блиското минато.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Проширени толкувања со сомнителни убедувања.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
На селаните им се видоа сомнителни овие луѓе. – Сигурно не гледаат да ни ги оберат ќесенцата вечер по Слива – рече еден од старците, кога се оддалечија од нив агите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со група од неколку сомнителни момчиња го затворија во подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А таа спужена бразда, таа ораница во снегот, што можеше да биде здогледана уште од далеку како ја сече неоскверната бела зараменетост на снегот од крај в крај по самата средина на долината можеше да биде само една сомнителна дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние што немаа билети ги отстрануваше од бифето. Ги избрка и сомнителните жени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе