соната ж.

соната (ж.)

Менталните слики создадени од прикажувањето на овие трагедии повторно излегле на површина по многу години, сублимирани, прочистени, во симфонија и соната, во миса и опера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Секое негово дело има своја приказна за раскажување; понекогаш тоа е само запис од настаните на еден ден како во Пасторалната симфонија, но раскажани со гламур на поезија и романса, така што, додека слушаме, привремено ни ја враќа младоста; понекогаш тоа е трагедија која се расплетува, како во Сонатата „Апасионата“ или во Петтата симфонија; или тоа ќе биде Увертирата „Кориолан“, таа зовриена, бурна ферментација на емоции и страст, најразновидна, најконтрадикторна, најразлична што може да се замисли.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Хајдн и Моцарт, пак, го фасцинирале во неговите поблаги расположенија, во играта на ексцентричното, во каприциозните и забавни вообразби за кои тој дал толку убави примери во симфониите и сонатите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Дури и долго го одложувал пишувањето на рондото што ѝ го ветил на Елеоноре фон Бројнинг и кога конечно ѝ го испратил, тоа било со извинување што не испратил соната, што исто така ја имал ветено.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Што доаѓа потоа? 1970 година свирење на месечева соната на месечината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Опусот 1 на Бетовен е посветен на принцот, како и големата Патетична соната, и Втората симфонија, исто така опусот 179, составен од девет варијации, и големата Соната во Ас-дур.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Овој дух на времето јасно е одразен во неговите композиции, особено во симфониите и сонатите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тие најмногу го истражувале во менуетот, но успеале само да создадат нешто формално, во кое елементот на забава или хумор, според современите начини на размислување, тешко може да се забележи.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
На почетокот, тој често се појавувал како изведувач, не само во Виена, туку следната година ги проширил своите патувања и до Берлин, каде што се сретнал со Хумел.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Соната за љубовта, колку е лудо. Повторно, со тие ноти, се случува, чудо.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Од делата од вториот период може да се каже дека нивна најистакната карактеристика е радоста (Heiterkeit).
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Таа за прв пат била изведена на 2 април 1800 година, на самостоен концерт што го одржал во театарот Бург.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)