сопруг м.
сопруга ж.

сопруг (м.)

Ја омажиле за непознато момче од друго село кое првпат го видела пред да ѝ стане сопруг.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејзиниот поглед секогаш имаше нешто мајчинско кога доаѓаше од установата во чие основање учествуваше и самата, а во која беа згрижувани жените избркани од своите сопрузи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треба да се спомне дека значајното лице веќе не беше младо, беше добар сопруг, почитуван татко на семејство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Била бремена кога таа и сопругот добиле известување дека ќе бидат транспортирани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние кои не го почитуваа, а беа многу повеќе, пуштија гласини дека влакната од неговиот нос биле подолги од срамните влакна на Ирис и брадата на нејзиниот сопруг.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но младите сопруги и сопрузи, чии газиња кога тие се раѓале доктор Станеф ги плеснал за првиот плач, сега доаѓаа кај него како пациенти, исто како што порано правеше претходната генерација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Задачата што ни претстои е од таков карактер што бара Вашиот сопруг, токму поради тоа што е еден од најистакнатите работници во нашето легално движење, да не биде замешан во работата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Вашиот ценет сопруг е видна личност во македонската емиграција и ние сме загрижени да не дозволиме да падне врз него сенка што би можела да го опетни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Утрото, додека нејзиниот сопруг во Барселона не можеше да пронајде никаква трага од неа, мораа да ја однесат во амбулантата, зашто ја пронајдоа онесвестена во локви од сопствената нужда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Наплати ги трите!“ е реченица од сопруг кој ја љуби жената своја, ама и некоја друга едновремено и паралелно, а таа, во моментот кога ѝ ги подавам ќесите веќе му простува, а не му била ни лута, и таа во некоја друга куќа е втора.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзиниот сопруг бил тип на човек кој ѝ овозможил добар семеен живот и материјална сигурност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На изводот од матичната книга на венчаните имаше напишано: „Бракот се раскинува поради смрт на еден сопруг“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Во тие денови било обичај жените на ѕидарите да им го однесат ручекот на своите сопрузи на работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Немојте, Ви се молам, та јас пред Вашиот ценет сопруг зедов обврска да се грижам за сѐ за вас, нели?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Билјана го претстави Александар пред својот сопруг како добар школски другар кој е дојден на балот со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но и за госпоѓа Камилска и за Мајка најбитно беше што нивните сопрузи колку и да се оддалечуваа со нивните идеали, со метафизиката на нивниот бег во историјата, тие си остануваа уште поцврсто на Балканот со нивните здружени библиотеки...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе