соученик (м.)
Додека нејзините соученици ги полнеа батериите, Рада отсутно одвај чекаше да се врати дома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Доживувањата на тетовскиот плоштад на гласно изговорените стихови на Рационовата „Балада за непознатиот’, говорењето тажно, тревожно и потресно на еден од моите постари соученици, тоа доживување ме исполнува и следи до денес.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
„Сакана и почитувана писателке, Ката Мисиркова - Руменова, почитувана директорке и мили наставници, драги соученици и соученички, имам голема чест да ве поздравам и да ја отворам денешнава долгоочекувана средба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Татковото останување во Цариград не се оствари според соништата на неговата мајка Хазбија, прва братучеда на Али Фети Беј Окјар, соученик на Мустафа Кемал Ататурк во турската Воена гимназија Идадије во Битола, негов пријател и еден од главните соучесници во создавањето на нова Турција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
120. Укажувачки пример е обновувањето на Македонскиот клуб во Белград и издавањето на весникот „Автономна Македонија” (1905), чиј главен уредник беше некогашниот соученик и соборец на Мисирков во Белград, Софија и Шабац воденчанецот Григорие Хаџиташковиќ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мислеше на оној нивни соученик напред, во белата наметка и со поцрнетото извоштено сребрено барјаче. Тоа беше тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Та така ние во селото се сторивме и со поп баш за Водици и со уште двајца соученици.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А не заборавил мнозина од моите соученици.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во собата беше еден мој соученик од гимназиските денови, доктор, анестезиолог.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Драги екологисти, во одговор на писмото што го добив од Влатко, мојот доскорашен соученик, ве известувам:
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)