сочувствителен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Само од состојба на слободно    себство можат да се испратат искрени сочувствителни сигнали кон другите.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 32-33“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сочувствителен со страдањата на својот народ, Коста бил готов да дели сѐ што имал со оние што немале и страдале.
        
      
    
    
    
      „Солунските атентати 1903“
         од Крсте Битоски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Нема да раскажувам за сите мислења што се кажаа за тоа каде можела да исчезне водата, кога и каде се случило нешто слично, за сочувствителните зборови кажувани на некој посебен, маказаречки начин, за помолчувањето и вртењето глава.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но сочуствителноста којашто ми е толку многу својствена чини морници да ми џуркаат по `рбетот во темето, поради грозомората во која се наоѓаат оние кои се останати надвор од црвените предели на животот.
        
      
    
    
    
      „Балканска книга на умрените“
         од Мето Јовановски 
        (1992)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Нејзината мака е најголема, жими тебе“, со сочувствителност во гласот рече баба Севда.
        
      
    
    
    
      „Човекот во сина облека“
         од Мето Јовановски 
        (2011)