сплотен (прид.)

И така и би, возљубени. Утредента логотетот стоеше залепен до ѓаволот на фреската, со него сплотен и не виде ништо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но кој да помисли на несреќата во оваа сплотена човечка и козја радост?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Целости устремени кон себе а сплотени и пловни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа значи дека само заедно сплотени, обединети со сите сили, селани, работници ќе можеме да изградиме фабрики, патишта, мостови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како едно семејство се сплотени, ја споделуваат и радоста и тагата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)