спобудали (св.)
Беше речиси невозможно да го слушаш, без најнапред да бидеш уверен, а потоа и спобудален од бес.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе се спобудалеше од радост дека ти се родил син, дека ни се родил брат, но сѐ беше лага.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Веќе одамна се раздени, а јас бев речиси спобудалена од напливот на мисли што ми надојде.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Прости ми Коста. Лутината ме спобудале. Си имам некои несредени сметки со Високиот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Знаеш, тие се спобудалени за игра.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Третиот вторник Атиџе пак не се појави во Чифте-амамот, и тоа речиси го спобудале. Навистина ли беше болна? Од што?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)